Основната цена од 26 илјади долари нагло расте кога ќе се вклучат и бронзените рачки, печка на пареа, стаклени полици…
Имате десетици илјади долари екстра не знаете на што да ги потрошите?! Можеби ќе ви се допадне ладилникот на италијанската компанија Meneghini, La Cambuse.
Како што пренесува Daily Mail, основната цена на овој два и пол метри широк ладилник, кој изгледа како плакар, изнасува 26 илјади долари, што вклучува само дрвена рамка и можност за избор помеѓу 500 бои. Цената нагло расте и достигнува 41.500 долари кога ќе се вклучат бронзени рачки, печка на пареа, стаклени полици…
За оние на кои ова не им е доволно, можно е во ладилникот да се вгради кафемат кој чини околу 3.000 долари, но и – телевизор.