Фризури за на плажа

popara1 август, 20121min00
letnja frizura

Идеи за секси коса на море и сонце!

Летото е време кога сме ослободени од шминкање, но тоа не значи дека ни се сеедно како ни изгледа косата. Фризурите за на плажа мора да бидат едноставни, но и отпорни на влага и топлина, а за нивно стилиризирање не треба многу време и работа.

Брановидната коса е најпосакувана морска фризура, а изгледа доволно гламурозно и за вечерна забава.

Морето и солта природно ги зацврстуваат кадриците, па дури и девојките со природно права коса можат да имаат брановидна коса по излегувањето од морето со помош на плетенки.

Плетенките се хит фризура ова лето, практични се и ја штитат косата, а откако ќе ја пуштите, косата изгледа природно виткана.

Ако не сакате целата коса да ја исплетете, носете ја плетенката како детал и испелтете само еден дел од косата, над челото или само на страна.

Исплетете плетенка ниско кај вратот. Ваквата пунџа ја штити косата од штетните ефекти од сонцето и морската сол. За да го спречите неуредниот изглед на косата, употребете марама во тренди боја и врзете ја околу главата или во плетенка.

Заштитете ја косата од сонцето со марама која можете да ја носите и на пуштена коса, но можете и да ја врзете околу главата кога имате секси пунџа.

Најопуштена фризура за на плажа е лабаво потфатена коса во пунџа или прамени со шноли.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag