Популарната пејачка целосно ги изненади фановите кога се појави на улиците на Рио де Жанеиро.
Лејди Гага го напуштила хотелот и се упатила кон улиците на Рио, за да се дружи со децата, таа со нив играла фудбалот.
Со насмевка на лицето отишла до околните сиромашни квартови и се дружела со најмладите. Во добро расположени позирала, а искуството го споделила на Твитер.
“Денес е најдобриот ден кој некогаш сум го имала, толку многу се забавував. Никогаш нема да го заборавам Рио, кој ми го стопли срцето, воодушевена сум. Дури игравме и фудбал, тие беа толку добри што напросто беше неверојатно”, напишала 26-годишниот Гага.
Воодушевената Гага бакнала во образот едно од момчињата со кого позирала на мотор, а мали деца кои ја опкружувале се забавувале со песна и автограми.
Инаку, Гага е во Рио де Жанеиро поради светската турнеја “Born This Way Ball“.