Гдањск – историјата на европските пристаништа

popara20 мај, 20121min01
9g7

Гдањск на посетителите им нуди прекрасен поглед на море и бродови во возобновениот стар град, кој сепак ги задржа сите знаменитости на европската историја.

Во овој град во јуни ќе биде одржано Европското првенство во фудбал,а вие можете да го посетите и покасно и за малку или без пари да уживате во неговата убавина.

Ви ги претставуваме местата во Гдањск кои можете да ги посетите бесплатно

Центарот на градот

Живописните фасади и куќите кои потекнуваат од времето на ренесансата сигурно ќе ви се допаднат.Обавезно посетете ја фонтаната на Нептун од 17 век , која се наоќа ма главниот плоштад(Dlugi Targ)

Историскиот центар не е голем,но е преполн со прави архитектонски бисери, кои се вешто реконструирани после Втората светска војна.

Westerplatte

Втората светска војна почнала во Гдањск, а денеска многу посетители одат на  Westerplatte, полуостров на кој германците отвориле оган на полски гарнизон 1 септември 1939 год.

Подигнат е споменик во чест на полјаците кои седум дена се бореле против германските артилерии.

Бродоградилиштето Валес

Децении после војната Гдањск повторно дошол во фокусот на Европа,кога Лех Валеса започнал штрајк  на бродоградилиштето.Основано е слободно движење а солидарноста станала главен столб на комунизмот во Источниот Блок.

Надвор од бродоградилиштето се наоѓа споменик со три крста од челик кој е подигнат во чест на рботниците кои загинале  за време на раните штрајкови во 1970.

Маричката улица

Мала та улица во центаро на Стариот град е преполна со накит и украси.Некои од зградите се украсени со змејови што допринесува за нејзината романтична и мистериозна атмосфера.

Во продавниците може да купите прилични ефтин сребрен накит,антиквитети и уметнички дела.

Мотлава

Пристаништето на реката Молава е одлично место за уживање.Од многубројните кафичи може да ги гледате бреговите и да уживате во живата атмосфера.

 

One comment

  • Martina

    20 мај, 2012 at 10:21

    Ahhhhh…preubaviot Gdansk….sto i da se kaze e premalku……a ima uszte premnogu da se zboruva….

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag