Геј војниците повторно хит! Овој пат го шокираа Израел!

popara21 јуни, 20121min00
u75

Фотографијата од два израелски војници во униформа кои се држат за рака, поставена беше недоамна на Фејсбук страницата на Израелската армија, а за само неколку часа лајк кликнале повеќе од 7000 лица, а стотици оставиле позитивни коментари.

Целта е да се изрази подршка за Армијата на Израел за геј војниците, објавил најтиражниот израелски весник.

Фотографијата е направена на улиците во Тел Авив, со стоел натписот: „Ова е месец на гордост. Дали сте знаеле дека израелската одбрамбена армија се однесува еднакво кон сите војници?“.

Израелското министерство за надворешни работи и други израелски мисии во светот истакнале дека се прифаќаат геј војниците во светот, како симбол за прогресивната природа на Израел, но ова е прв пат Армијата јавно да ја прифати геј заедницата.

Израел се претставува како земја толерантна кон геј заедницата и го промовира Тел Авив како „геј престолнина на Блискиот исток“. Сепак, една студија минатата година открила дека дури 40% од геј војниците биле малтретирани поради својата сексуална ориентација за време на воената служба.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag