Резултатите на американските научници од Дјук универзитетот велат дека присутноста на генот OR7D4 може да влијае во изборот на храната, односно склоноста кон месо во исхраната.
Се покажало дека околу 70% од луѓето имаат две функционални копии од овој ген кој ги поврзува рецепторите за мирис и го детектира феромонот присутен во месото, а осбено во свинското.
Со помош на експерименти исто така се покажало дека лицата кои имаат една или ниедна функционална копија на OR7D4 не реагирале негативно кон мирисот на месото.