Германката Грит Функе родила близнаци од различни раси во Лајпциг, пренесува Билд.
„Девојчињата се толку слатки, исто како млеко и чоколада. Леоние е бела, Луиса црна“, изјавила гордата 40 годишна мајка. Мајката е русокоса со светли очи, додека таткото потекнува од НИгерија.
„Веќе имаме еден заеднички син, а јас имам и две деца од предходниот брак. Не планиравме повеќе деца да имаме, планот пропадна. Дознав дека сум бремена и дојде веста дека носам близнаци“, изјавила Грит.
Лекарите изјавиле дека веројатноста за раѓање на ваков пар близнаци е еден наспроти милион, а во таквите случаи секогаш се работи за двојајчани близнаци.