Ерика (53) несакала да го загуби својот сопруг (60) кој е геј, па затоа решила во куќата да го прими и неговиот љубовник. Иако нејзиниот сопруг одамна не спие со неа, таа изјавила дека е среќна.
Пред четри години сопругот и признал дека е заљубен во мажи, но дека несакал да се раздели од неа, како и дека несака да престане да се гледа со љубовникот. На Ерика и било полесно, тогаш и станало јасно зошто нејзиниот сопруг Евалд страда неколку години од депресија.
Наскоро во нивната куќа се доселил љубовникот Готхард, а со нив живее и синот на сопругот на Ерика од првиот брак. Секој има своја соба, а ја делат кујната, тоалетот и дневната соба.
„Денеска мојот сопруг спие со маж, но знам дека ме сака, барем платонски. Несакам да го загубам бидејќи е многу емотивен, па затоа во куќата решивме да го викнеме неговиот љубовник“, изјавила Ерика.