Државното обвинителство во Хрватска подигна обивинение против 58 годишниот Љ. Р. и 50 годишниот В.Г. од Даљ поради воен злостор врз цивилно население. Тие во август 1991 година физички и психички злоставувале едно семејство од хрватска националност во Даљ, а В.Г. е обвинет и за силување на тогаш 20 годишната девојка од тоа семејство.
Тие како припадници на паравоената територијална одбрана на Даљ во една семејна куќа го врзале таткото и заедно со сопругата и тогаш 13 годишната ќерка и 10 годишниот син ги терале да гледа како В.Г. заедно со уште еден засега непознат сторител ја силувале тогаш 20 годишната девојка.
Љ.Р. е обвинет дека насилно влегол во куќата го натепал таткото, а потоа му ставил инјекција во вратот за да го омалакса. Така омалаксан го однеле на непознато место, додека другите членови на семејството ги затвориле во друга куќа.
Обвинетите се наоѓаат во притвор, а злоставеното семејство никојпат повеќе не се вратило во Даљ.