Овојпат ви претставуваме еден навистина интересен обид за поставување на Гинисов рекорд.
По повод Св. Валентин, односно денот на заљубените, играчите на виртуелната игра Trion World’s Rift ќе се обидат да постават рекорд за најмногу виртуелни бракови склучени во исто време.
Креаторите на оваа игра ги охрабруваат играчите да склучат виртуелни бракови, односно да ги оженат/омажат своите виртуелни профили. Целиот виртуелен настан ќе трае 24 часа, а организаторите се сигурни дека ќе успеат да постават нов Гинисов рекорд.
Според организацијата, дозволени се и бракови помеѓу припадници од истиот пол, но не е дозволено виртуелно да се венчате со некој кој му припаѓа на спротивничкиот табор.