Глицеринот е една од најдобрите состојки која природно ја негува кожата. Ова средство одлично ја навлажнува кожата, а доколку редовно го користите на тој начин ќе го спречите сушењето на кожата а со тоа и нејзиното стареење. Еве како може да ја подготвите глицеринската маска:
Една лажица глицерин и една лажица мед
Оваа смеса нанесете ја на лицето и вратот, и по 20 минути измијте се.
Една лажица глицерин и една банана
Испасирајте ја бананата и ставете го глицеринот. Со оваа смеса намачкајте се и оставете нека делува 25 мин. Измијте се и ефектот ќе го забележите веднаш.
Глицерин, јајце и лимон
Една лажица глицерин измешајте со едно јајце и 3-4 лажици лимонов сок. Оваа смеса ставете ја на лицето и вратот и по 15 мин измијте се.