
Холивудската актерка Памела Андерсон одлучила да се откаже од својот пет години стар “Range Rover“ со цел да собере пари за загрозените луѓе на Хаити, кои за време на земјотресот останале без кров над глава.
Памела Андерсон на сајтот за аукции го објавила својот џип “Range Rover”, за да ја поддржи акцијата на Шон Пен кој собира пари за реконструкција на островот Хаити кој го погоди силен земјотрес. Наголемата досегашна понуда е 30 илјади долари, а наредните три дена колку што ќе трае аукцијата, Памела очекува нејзиниот џип да достигне цена од 50 илјади долари.
-Се што беше потребно да направам е да го погледнам својот совршено одржуван влез на куќата во кој се паркирани два автомобили. Веднаш помислив дека можам својата удобност да ја споделам со другите. Зошто на некој кој нема ниту еден автомобил да не му дадам еден, изјавила Памела.