Ако го возите својот мотор до 300км/ч, а при тоа сте решиле да се снимате и да го овековечите тој момент, подобро е видеото да не го ставате на интернет.
Полицијата во Канда го видела видеото во кое е снимано како еден човек вози со 299км/ч и веднаш покренала истрага да се најде истиот.
Како што тврди CNN, 25 годишниот Randy George Scott отишол во полицијата и сам се пријавил дека тој е човекот од видеото. Тој моментално се наоѓа во притвор и му се заканува казна од 5 години затвор.