Несекојдневна ситуација се случила кога една девојка сакала на своите пријателки да им покаже дека може да стави било кој предмет во грло и да нема нагон на повраќање. Сепак, изборот на предметот и неочекуваното смеење и го довеле животот во опасност.
30 годишната девојка од Атланта, ставила нож во грлото за да им покаже на пријателките дека нејзиниот нагон за повраќање, по боледувањето од булимија целосно исчезнал. Ненадејно, поради смеење ножот се спуштил низ грлото и завршил во хранопроводот.
Набрзо девојката почнала да кашла крв, да чувствува силни болки во желудникот, а за голема среќа докторите успеале брзо да реагираат и да го отстранат ножот од телото.