Полицијата во Келн соопштила дека уапсила 52 годишен маж, кој осомничен дека го убил момчето на својата ќерка кој инаку имал само 17 години.
Според обвинението осомничениот во понеделникот провалил во станот на жртвата, го полил со бензин и запалил.
Експлозијата била толку силна што го исфрлила 17 годишното момче од прозорецот од станот кој се наоѓал на 4-ти спрат.
Полицијата соопштила дека и осомничениот е повреден од експлозијата и дека моментално е во кома. Тој од порано му се заканувал на момчето, бидејќи несакал да биде во врска со неговата ќерка.