Вердон Ламонт Тејлор (32) од Даунинтаун, висок 193 сантиметри и тежок дури 136 килограми го заслужи првото место на најбизарната кражба на годината.
Во попладневните часови влегол гол во продавницата Walmart во Екстон, Пенсилванија и украл чорапи.
Брзо го заобиколиле полицајци, но наместо да не прави повеќе проблеми, почнал да се спротистваува и морало да го смират со пиштол за зашеметување. Но на неговото лудување му немало крај, го плукнал еден полицаец и го удрил по главата.
Тејлор моментално се наоѓа во притвор, а полицијата немала информации дека тој бил психички болен, веројатно бил издрогиран.
httpv://www.youtube.com/watch?v=YXRY30FK5Ps