Средните училишта знаат да имаат бизарни случки, особено во Америка. Но ова фрик шоу кое се случи во Филаделфија ги шокираше и учениците и полицајците.
До апсење на 44 годишната мајка и нејзините три сина доведе фактот дека тие се соблекле голи пред училиштето и почнале да го повикуваат Бог и да извикуваат некои религиски пароли. Тоа веќе им било трети пат истиот ден да се обидат да го извадат од часови детето кое наводно им било роднина.
Кога после два обида не им било дозволено да го видат ученикот, се вратиле и по трет пат, но овој пат се соблекоа голи и извикуваа разни религиски пароли. Обезбедувањето на училиштето се обидело да ги уапси, но морале да повикаат и полиција.
Мајакта и децата биле обивинети за голотија, нарушување на јавниот ред и мир, а бидејќи учествувал и малолетниот син мајката ќе мора да оди и на разговор во социјалната служба.
httpv://www.youtube.com/watch?v=141oBv77lcQ