Голо младо момче ја прекина штафетата на олимпискиот оган во Лондон.
Неименуван маж се „вклучи“ во штафетата во Хенли, во моментот кога факелот требаше да премине во рацете на најуспешниот олимпиец од Велика Британија, сер Стив Редгрејв.
Човекот претрча гол пред Редгрејв држејќи макета од факел, а на грбот имаше напишано „Слободен Тибет“. Се разбира, обезбедувањето и полицијата веднаш претрчаа до него, го покриа со ќебе и го одведоа.
Полицијата потврдила дека мажот стар 27 години бил уапсен поради голотија во јавност.
httpv://www.youtube.com/watch?v=vRiBOiTZqV0