По породувањето, не се појавуваше во медиумите, но сега го најавува својот камбек.
Откако на свет го донесе девојчето, Пинк реши да направи пауза и целосно да се посвети на својата ќерка. Но, веројатно толку од одморот, пејачката решила да направи голем камбек на медиумската сцена. Во новото видео кое го снимила најавува нов албум кој треба да излезе во септември, насловен “The truth about love”.
Облечена во прозирна маица од која јасно се гледаат нејзините гради, додека брадавиците и се прикриени само со траки, пејачката се обидува да го најави овој албум најдобро што може.