Како што дознава WSJ, Google би можел да плати казна од 22,5 милиони долари за случајот „Safari“.
Во средината на февруари оваа година еден истражувач од Стенфорд открил дека Гугл ги заобиколувал правилата поставени од страна на Епл за следење на корисниците додека се сурфа на интернет.
Тогаш од компанијата изјавила дека спорниот код е отстранет, а накнадно против Гугл беше покрената и тужба.
Wall Street Journal сега дознава дека Гугл најверојатно ќе плати 22,5 милиони долари оштета за овој случај.
Доколку тоа навистина се случи, тоа ќе биде и најголемата казна која ја изрекла меѓународната комисија за трговија.
Од Гугл несакале да ја коментираат оваа информација.