Google наскоро се очекува да го претстави својот 7 инчен таблет кој го направи во соработка со компанијата Асус.
За почеток ќе има околу 600.000 на пазарот, но двете компании не сакале да ги коментираат овие гласини, меѓутоа изворите зборувале дека до крајот на годината сепак треба да се појави овој таблет.
Според информациите на DigiTimes таблетот би требало да чини околу 150 евра.
Доколку овие информации се точни тогаш уредот на Гугл може да стане сериозна конкуренција за веќе постоечките.