Градник кој може да открие рак на дојка!

popara21 октомври, 20121min00
градник
Компанијата First Warning Systems веќе некое време развива градник кој би требало да овозможи рано откривање на рак на дојка, а со оглед на важноста на неговото рано откривање, јасно е дека тој градник би можел да спасува животи.

Нивниот BSE (breast self exam) градник има вграден сензор кој ги следи малите промени на температурата во ткивото на дојката, а до промена на температурата доаѓа поради раст на тумор односно раст и развој на крвните жили кои туморот ги снабдува со крв. Сензорот на градникот ги бележи малите промени кои би можеле да укажуваат на рак и тие податоци ги поставува на интернет каде ги обработува посебен софтвер, а резултатите на корисниците им се достапни преку компјутери и мобилни уреди.

На Cnet велат дека до сега се направени три тестирања на овој градник врз 650 жени и се покажал подобар и од мамографијата, со точност од 92,1%.

Сепак, докторката Тереза Биверс од центарот за превенција на рак во Тексас на новинарите од CNN им рекла дека методот за рано откривање на рак преку мерење на разликата во температурата каква што користи овој градник до сега не се покажала секогаш како веродостојна бидејќи резултатите добиени со тој метод некогаш не се поклопувале со резултатите добиени од други мерења како мамографијата, а имало случаеви кога овој метод не дијагностицирал промена на жените кои имале рак на дојка.

Но, со оглед дека досегашните тестирања се покажале како успешни, во First Warning Systems се убедени дека овој градник во иднина навистина ќе им помогне на жените во раното откривање на рак на дојка. Сеуште не е познат точниот датум на почетокот на продажбата на градникот, но во оваа компанија велат дека на европскиот пазар ќе се појави некаде во текот на следната година, а во САД во 2014-тата година.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=gtDUwWf7DVg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag