Грците одлучија, Акропол под кирија?!!!

popara18 јануари, 20121min00
d5t3

Грција одлучи да дозволи експлоатација за рекламни цели и филмски остварувања на своите познати археолошки споменици и локалитети, вклучувајќи го и Акропол, соопштило министерството закултура. Оваа инцијатива била остро критикувана во јавноста и меѓу археолозите, кои сметаат дека тоа ќе биде скрнавење.

Ваквата одлука е донесена откако презадолжената Грција се обидува да ја наполни државната каса, а дел од одредбите од оваа одлука се наменети да го олеснат пристапот до грчкото културно наследство и негово промовирање и комерцијализација.

Средствата кои ќе се собираат на овој начин со изнајмување ќе бидат наменети за заштита и одржување на архолошките ресурси. Досега само режисерката со грчко потекло од Канда, Ниа Вардалос и Френсис Копола имале можност да снимаат на Акропол, додека снимањето и фотографирањето на споменикот за рекламни цели било строго забрането.

Министерството за култура на Грција утврдило дека ќе ги изнајмува археолошките локалитети за цена од 1600 евра на ден за професионално снимање, а за да се изнајми барателите ќе мора да исполнуваат и други услови.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag