Француските медиуми ја објавија информацијата дека грејпфрутот и големата количина на лекарства може да допринесат до низа несакани последици.
Сокот од грејпфрут, како и другите производи кои се на база на тоа овошје се честа причина за несакани дејства до кои доаѓа ако го комбинирате со лекарства. Лековите кои се наменети против алергија, депресија, за намалување на количината на холестерол во крвта, за намалување на крвниот притисок, како и лековите против болка и некои антибиотици не смее да се комбинираат со грејпфрут.
Оваа комбинација може да доведе до зголемување на концентратот на лекот во крвта, што може да предизвика предозираност или пак другата спротивност, односно да се намали нивното дејство.