Одавна има сомнежи за високата концентрација на хемикалии и токсини во масовната козметика, а сега тоа е и докажано. Според новите анализи маскарата, ружот, кармините, тушот, моливите за усни и очи и многу од останатата козметика содржат кадмиум, берилиум а понекогаш дури и арсеник. Научници од Онтарио, Канада, направиле биохемиски анализи на некои од најпознатите козметички производи и во сите нив откриле присуство на арсен, олово, берилиум, никел, селен и талиум, од кои голем дел се забранети во Канада. Се разбира на опаковките нема јасна ознака за присуството на овие токсини, бидејќи производителот ги рангира како странични примеси, а не како основен материјал.
Во просек, секој козметички препарат содржи средно по 4 токсични материи. Експертите велат дека овие токсини од козметиката можат да предизвикаат најразлични болести, како на пример хормонален дисбаланс, загуба на меморијата, репродуктивни проблеми, загуба на коса, невролошки проблеми, тумори и други.