
Ужасна трагедија неодамна ја потресе Нигерија.
Изворите од оваа африканска држава велат дека еден човек бил уапсен во автобус откако му станал сомнителен на еден кондуктер, одбивајќи да му покаже што носи во куферот кој бил покрај него.
Кога човекот стигнал до неговата дестинација, други патници и кондуктерот го спречиле да се симне и му ја заплениле торбата.
Присутните останале шокирани кога го отвориле куферот и пронашле мртво момче, кое немало повеќе од 3 години.
Човекот веднаш бил уапсен од полицијата, а се верува дека мртвото тело на детето требало да биде искористено за ритуали.