Во страшна семејна трагедија која се случила поради расправија околу старателство, бабата ги убила трите внуци, нејзиниот син и себе.
Полицијата во понеделникот во подрумот на семејната куќа во Охајо пронашла мртви тела на три деца и нивниот вујко и баба.
Лежеле во камионот, а утврдено е дека се отруле со плин. Покрај бабата и вујкото во него биле и 10-годишниот внук Пејџ Хејс, 6-годишниот Логан Хејс и 5- годишната Медлин Хејс.
Иако полицијата на почетокот се сомневала на несреќен случај, веруваат дека сепак станува збор за убиство и самоубиство поради борба за старателство над децата.
Покрај нив во гаражата биле телата на две кучиња и една мачка. Инспекторите велат дека тие најверојатно починале од труење со јаглероден моноксид.
За децата грижата ја превземала бабата пред четири години. Нивните родители сега се обидувале да го вратат старателството. Бабата според изјавите на пријателите поради тоа била многу вознемирена, па засега се сомневаат дека токму тоа било мотив за убиство и самоубиство.