Гвинет Палтроу е новото лице на модната куќа Hugo Boss!

popara14 мај, 20121min00
Gwyneth

Актерката Гвинет Палтроу е новото заштитно лице на новиот парфем Nuit Pour Femme на модната куќа Hugo Boss, кој е инспириран од елеганцијата на култните женски црни фустани.

Палтроу досега повеќе пати се појавила во модната индустрија, оваа добитничка на Оскари е едно од заштитните лица на скандинавскиот моден бренд  Lindex, а во повеќе наврати во изминатите години претставува и многу други брендови.

Како што е најавено од куќата на Hugo Boss, Гвинет за нив ќе сними ТВ реклама и ќе учествува во онлајн кампања, а ќе се фотографира и за печатени изданија. Актерката со оваа кампања ќе им се придружи на Сиена Милер, Орландо Блум и Џаред Лето кои веќе беа заштитно лице на овој бренд.

Кампањата во која ќе учествува Гвинет ќе започне во август.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag