Холивудската актерка Gwyneth Paltrow веројатно ќе игра љубовница на Pablo Picasso – Dora Maar во биографскиот филм за познатиот шпански сликар, кој ќе го игра Antonio Banderas.
Филмот со наслов “33 days” го следи животот на Picasso во текот на 33 дена кога го создавал неговото познато дело “Guernica”. Филмот нема да биде фокусира само врз творештвото на Picasso, туку и на љубовната приказна меѓу него и Dora Maar.
Според одредени критичари Gwyneth Paltrow, се смета за жена со најсиметрично лице, наводно ќе одговара за оваа улога.
Dora Maar е познат фотограф и сликар, која во 1936 година го запознава Picasso и беа во врска околу девет години, но тој ја остава откако доби дете со Marie-Thérèse Walter.
Сценарио на филмот е потпишан од страна на Carlos Saura, Elias Querejeta, како и од францускиот писател Louis- Charles Sirjacq.