Третото продолжение на комедијата “Hangover”, во кината ширум светот доаѓа на 21 мај идната година.
Повторно се заедно, режисерот Todd Phillips и актерите Bradley Cooper, Zach Galifianakis и Ed Helms во улогите на Phil, Stu и Alan.
Phil изјави дека е возбуден бидејќи ќе работи на третото продолжение на “Hangover” заедно со Cooper, Galifianakis и Helms, а притоа најави дека ќе ја изненади публиката.
“Тоа ќе биде вистински расплет на хаотични и очајни одлуки кои што ги видовме во претходните делови”, додаде режисерот.
Првиот филм “Hangover in Vegas” беше снимен во 2009 година, а вториот “Hangover in Bangkok” vo 2011 година.
Во кој град ќе биде снимен третиот дел се уште не е познато.