Hilton отвори нов хотел во Патаја, Тајланд. Hilton Pattaya е ресорт на сама плажа од каде се пружа поглед на целиот Тајландски залив а се наоѓа на локација отприлика 90 минути југоисточно од Банкок. Хотелот е лоциран во комплекс кој во Југоисточна Азија има најголем капацитет за шопинг и места за забава вклучувајќи повеќе од 200 продавници и ресторани како и 10 кино сали. Гостите кои ќе престојуваат во Hilton Pattaya имаат екслузивен влез во комплекост преку приземјето.
Луксузниот хотел има 302 елегантни соби и апартмани кои се наоѓаат на спратовите 19-33. Апартманите имаат зидови од затворени прозори. Сите соби нудат зашеметувачки поглед кон морето од приватни тераси. Собите се стилски декорирани и имаат пространи купатила со дождовни тушеви и кабини. Хотелот вклучува и засебни простории за престој и ручавање. Многу апартмани исто-така вклучуваат туш-кабини на балкон.
Хотелот нуди пет ресторани со разноврсна храна од морска храна, меснати производи, Азиска кујна и многу друго. Гостите исто така може да изберат апетисани проследени со апретиви и коктели во стилскиот лоби ланч-бар.
Hilton Pattaya ресортот, ќе биде првиот од хотелите на Hilton кој ќе го презентира новиот глобален концепт на Hilton спа центар, наречен Eforea Spa.
Цените се доста привлечни почнувајќи во рангот од 50 долари.