На само 25 минути од меѓународниот аеродром, сместен е овој луксузен комплекс, каде сé е склопено на начин, на кој гостите уживаат во еден извонреден и поинаков одмор…
Со вкупно 40 вили, луксузното одмаралиште е концепирано така што може да ги исполни очекувањата и на гостите со највисоки критериуми… Комбинирајќи ја модерната технологија со традиционалното, проектантите успеале на единствен начин да создадат ремек дело во туризмот. Во понудата за гости, спаѓаат многубројни туристички тури, возење, уживање во водите на Индискиот океан, истражување на ботанички градини или слушање врвна џез музика на песочната плажа.
Исто така, во близина на комплексот сместена е и бања која се наоѓа на специфична локација од која се овозможува преубав поглед, а во која сигурно ќе ги почувствувате културата и традицијата на овие предели.