Добро оформената и одржувана коса секогаш ни носи дополнителна самодоверба во однос на нашиот изглед и добро расположение. Летната сезона е идеална за експерименти со косата, како на пример светли прамени, шишки и нов стил на обликување, со чија помош ќе го акцентирате максимално вашиот стил и впечатокот што го оставате кај останатите. Кога станува збор за прамени, треба да знаете дека можете да избирате во зависност од основната боја на вашата коса.