Извршниот директор на Honda, Tаканобу Ито, неодамна одржа говор за идните планови на компанијата т.е. кон што ќе се ориентира компанијата во текот на следните пет години, истакнувајќи дека хибридните електрични возила ќе играат голема улога. Тоа е огромна компанија, а во својата главна презентација тој објаснува во која насока ќе се движи мотоциклот Хонда, но и производите на струја, како и автомобилскиот бизнис. Honda и до сега важеше за една од најразвиените автомобилски компании, особено во конструирањето на мотори, за разлика од неговите Јапонски конкуренти, Toyota и Nissan.