
Девојчето лежело со главата свртена на под, а над неа биле мајката, таткото, бабата, дедото, вујкото, тетката, куќната помошничка, а во полиција случајот го пријавил чичкото на девојчето.
Малезија – три годишна кинескиња во Малезија починала за време на ритуалот истерување на зли духови кој го извела нејзината фамилија.
Целото семејство верувало дека девојчето го опседнале лоши духови и ѓаволот.
Полицијата добила вознемирувачки повик, а кога пристигнале на местото и упаднале во спалната соба, осум луѓе имало над мртвото тело на 3 годишното девојче.
Собата била темна, а луѓето под ќебе и пееле некои песни, изјавиле од полицијата. Девојчето починало како последица од гушење, а полицијата ги привела сите членови на семејството кое учествувале во овој егзорцизам, кој според медиумите траел 20 часа.