Хотел De Glace – ледената убавина

popara2 јануари, 20126min00
nedest

Ледениот хотел се гради секоја година во близина на градот Квебек, Канада. Изградбата трае околу еден месец. Околу 60 работници, 15.000 тони снег, 500.000 тони мраз и 350.000 долари секоја година го остваруваат неговото постоење.

Хотел De Glace има околу 80 кревети, сите се направени од мраз. Само бањите се наоѓаат во одделни изолирани структури и се загреваат. Туристите плаќаат околу 200 долари за една ноќ да престојуваат тука и да ја доживеат оваа величествена ледена атмосфета.

Целосно изграден од мраз и снег, хотелот De Glace нуди фасцинантен декор и невообичаено доживување. Со величествените скулптури, прекрасниот лустер од мраз, прекрасните 36 соби и апартмани и волшебната капела, хотелот De Glace ќе ве импресионира со својата уникатност препознатлив дизајн.
Без разлика дали ќе го посетите во текот на денот или ноќта, хотелот De Glace ќе ви понуди сосема поинаква авантура. Во текот на денот уживајте во сончевиот одраз и неговите магични ефекти на ледените скулптури, додека во вечерните часови, посебното осветлување и атмосферата во ледениот бар ќе ве воодушеват. Немојте да се двоумите, дојдете и откриете ја ледената убавина!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag