Железото допринесува за правилна функција на метаболизмот, растежот и помага за правилно транспортирање на кислородот во организмот. Магнезиумот е важен за производството на енергија и формирањето на протеини. Според експертите човек има потреба од 8 до 18 мг железо и 320 до 420 мг магнезиум, во зависност од возраста и полот.
Проверете која храна е богата со железо и магнезиум, чија консумација ќе ви помогне да бидете здрави и силни.
– Суво овошје
– Зрнести култури ( леќа, грашок, грав, соја и др.)
– Полнозрнести продукти
– Житарици
– Зеленчук ( спанаќ, брокули и др.)
– Риба и морски плодови
– Мисиркино месо