Причината поради која не ви е до водење љубов можеби се крие во недостатокот на одредени состојки клучни за сексуално возбудување. Проверете кои витамини ја поттикнуваат желбата за секс.
Витамин А е многу важен за создавање на хормонот естроген и тестостерон. Неговото консумирање ја подобрува и продолжува ерекцијата. Затоа на своето дневно мени обавезно вклучете јајца и млечни производи.
Витамин Б ви дава енергија и ја регулира функцијата на сексуалните хормони. Да не дојде до проблем на овој план, уживајте во житарици, овошје, ореви и брокула.
Витамин Ц ја поттикнува желбата за секс и кај мажите и кај жените. Покрај тоа, има благотворно влијание на половите органи. Јадете повеќе јагоди, боровници, рибизли, но и компири и пиперки.
Витамин Е е клучен за создавање на полови хормони. Експертите веруваат дека неговото отсуство предизвикува намалување на сексуалната желба. Покрај тоа, има негативно влијание врз плодноста. На вашето мени мора да додадете туна, аншоа, сардини и млеко.