Црниот дроб може да се опише како органот кој го прочистува целиот наш организам и извршува многу важни функции , затоа е важно да се грижиме добро за него. Една од функциите е да ги регулира маснотиите, да ги балансира хормоните и да го помага варењето на храната. Има навистина многу храни кои можат да ја олеснат неговата функција и да го направат поздрав и поиздржлив. Еве кои се најважните од нив:
Морковите се на врвот од списокот бидејќи се богати со бета каротин, го регулираат нивото на шеќер во крвта и ја намалуваат возбудата на организмот. Важно е да ги консумирате свежи и да бидат со органско потекло.
Лук – ефектот на лукот е поврзан со прочистување и засилување на крвта. Содржи алицин и селен кои помагаат за прочистување на црниот дроб.ви бубрезите.
Лимони – богати се со важни антиоксиданси, па освен црниот дроб делуваат и на жолчниот меур, на бубрезите, дигестивниот тракт и белите дробови. Додадете лимонов сок во чаша топла вода и прочистете го целото тело наутро и пред легнување.
Зелен зеленчук – тие содржат хлорофил кој ги апсорбира токсините од крфта кои потоа се исфрлаат од телото.
Цвекло – содржи бетамин, кој пак ги стимулира клетките на црниот дроб.