Храната како лек против високиот холестерол

popara27 август, 20121min00
orevi

7 најдобри намирници за симнување на маснотиите во крвта

Високото ниво на холестерол во крвта е лошо за нашето здравје бидејќи може да предизвика многубројни болести. Ако имате покачен холестерол, прва работа која морате да ја да ја промените е исхраната.Ви претставуваме 7 намирници кои ќе ви помогнат во спроведувањето на таа намисла.

1. Зоб

Ако својот холестерол сакате да го доведете во ред, ви предлагаме вообичаениот утрински оброк да го замените на пример со каша од зоб. Имајте во предвид дека две порции од зоб можат да го симнат LDL холестеролот за 5,3% за само шест недели. Во зобот се наоѓа состојка под назив beta-glukan која го впива лошиот холестерол.

2. Црно вино

Црвеното грозје кое се користи за производство на црно вино има значително влијание врз нивото на холестеролот. Од две чаши црно вино неделно можете да имате многу корист.

3. Лосос и мрсна риба

Лососот е исклучително корисен за здравјето бидејќи изобилува со omega-3 масни киселини кои му годат на срцето и неговото здравје. На тој начин се намалува ризикот од срцев и мозочен удар како и високото ниво холестерол во крвта. Рибите како лососот, сардината и харингата помагаат во подигањето на нивото на добриот холестерол за 4%.

4. Јаткасти плодови

Еднострано незаситените маснотии ( се наоѓаат во јаткастите плодови, зрнестите и слично) имаат најниско ниво масни киселини и молекули кои се најдобриот трите вида маснотии: поли – заситени масти, заситени масти и моно – незаситени масти.

Јаткастите плодови се најдобриот начин во својот организам да ги внесете потребните здрави масти без грижа на совеста. Бидејќи масните киселини кои ги добиваме од јаткастите плодови се природни и не се хемиски обработени, тие се исклучително здрави за срцето.

5. Грав

Ова храна е одлична за срцето. Така да само половина шолја грав дневно помага во снижувањето на нивото на холестерол за 8%. Испробајте ги сите видови бидејки секоја од нив го снабдува организмот со една третина од дневните потреби за растителни влакна.

6. Чај

Лековит пијалак, содржи антиоксиданти, но има и мала количина кофеин од кафе. Помага во заштитата на коските бидејќи изобилува со фитохемикалии. Освен тоа, чајот го штити организмот од штетниот LDL холестерол.

7. Црно чоколадо

Ова за многумина омилена намирница изобилува со антиоксиданси и лековити состојки која го снижува холестеролот. Антиоксидансите кои се составен дел на црното чоколадо го намалуваат оштетувањето на крвните садови, како и нивното замастување во црниот дроб. Стручњаците тврдат дека со секојдневна доза од 100 грама црно чоколадо ќе се намали појавата од кардиоваскуларни проблеми за 21%.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag