Храната не е замена за љубов

popara23 октомври, 20121min00
glad

Ако живеете во постојан страв, со ограничувања, кочници и откажувања, големи се шансите дека храната ќе ви стане единствено задоволство. Секојдневната офанзива на фрижидер, неодолива страст за слатки, масна и тешка храна претставуваат калорична замена за љубов и ситилни задоволства.

Затоа, заборавете на диетите и изгладнувањето. Доколку сакате да ослабнете, ќе морате прво да ги решите своите емотивни проблеми. Не ги игнорирајте и занемарувајте, бидејќи во спротивно ќе ви биде потребна натчовечка сила за конечно да се ослободите од вишокот на килограми. Ако не сте сигурни дали сте и вие дел од оваа приказна, еве типични проблеми кои се решаваат со пустошење на фрижидерот.

Став од промена

Во односот со партнерот нешто ‘чкрипи’, а вие секојдневно скришно плачете надевајќи се дека тој ќе успее да ги прочита вашите мисли и чувства? Ако на ова прашање одговоривте со “да”, тогаш причината за вашето често посегнување по фрижидерот е повеќе од јасна. Многу е полесно да се потпрете на храната, отколку на вашиот партнер јасно и гласно да му кажете се што ве мачи.

Прва помош

За почеток признајте си што чувствувате, што ви недостасува и дефинирајте ги своите потреби. Тоа ќе ви се исплати, иако бара повеќе напор отколку посегнување по чоколадо, која не е ништо друго од инстант утеха. Добро е за струкот и за иднината.

Почнете да ги слушате своите чувства. Немојте да молчите, споделете ги со партнерот во интимна атмосфера.

Направете баланс во врската. Научете да се грижите еден за друг.

Сфатете дека никој не може да ви ги чита мислите. Премолчувањето во односите буди негативни чувства и тајна омраза.

Преиспитајте го вашиот однос кон сексот – морате да научите да уживате.

Зашто е тоа така?

Потребата нешто да промените ја гуши стравот и инерцијата. Животот на кој сте навикнати, колку и да сте нездоволни од него, ви овозможува барем некаква сигурност, додека исходот од било каква промена е прилично непредвидлив.

Чувство на безвредност

Ако се откажувате од своите потреби само за да ги исполните желбите на својот партнер, знајде дека со таа жртва одат многу поседици. Немојте да се изненадите ако почнете да ја умртвувате својата потреба за внимание и интимност, ако станете хитерични и ако се чувствувате безвредно. Ќе ви биде потребно нешто за пополнување на оваа празнина, а тоа е најчесто храната. Со вкусните залаци најлесно и најбрзо привремено ќе го победите чувството на безвредност, кое подоцна ќе ви се одбие од глава. Поради тоа е подобро да се соочите со вистинскиот проблем – тоа ќе се исплати.

Сексуална дисхармонија

Сексот, исто така, може да биде една од причините за опсесија со храна. Ако за вас водењето љубов е само рутина лишена од секаков вид на уживање, ќе почнете да се дебелеете, бидејќи со храната ќе почнете да го компензирате сетилното задоволство кое ви недостига. Ако желбата за секс постои, но не е задоволена, повторно постои страв дека ќе најдете утеха во храната. Кога на мажите им недостасува секс, тие најчесто мастурбираат, а жените во оваа ситуација обично посегнуваат по слатки и почнуваат да се дебелеат.

Како да ја надминете гладта

Направете листа на желби! Запишете што ве исполнува и што ви одговара, но не храна, почнете од тоа што да се занимавате. Можеби ќе ви се допадне масажа, ароматична бања, долго туширање или стомачен танц…Обидете се!

Избегнете ја гладта – Исчистете ја собата, проверете мејлови, испеглајте ја кошулата…Ќе видите, ќе заборавите на храната.

Напишете писмо – Обидете се да сфатите во кои прилики во вас кулминира нездравиот однос кон храната. Дали е тоа недостаток на спиење, расправии, несигурност… Избегнувајте такви ситуации, кога можете. Ако ве мачи односот со партнерот, напишете му писмо. Без цензура и стегање. А потоа замислете се себе си во улога на вашиот партнер и одговорете на сите замерки. Тоа ќе ви помогне подобро да ја согледате ситуацијата. На краот, секако, фрлете го писмото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma