Една брачна двојка од Загреб ја отвориле првата школа во светот во која се учи танц со соблекување.
Антонио и Маријана Барлек ја отвориле првата школа за стриптиз.
Нема соблекување до крај само по гаќи, изјавил брачниот пар кои гарантираат дека за само неколку месеци посетителите ќе научат да играат сензуално и да ја изразат својата сексипилност, но и ќе го затегнат телото.
Интензивниот курс трае 6 месеци, а се дели на рекреативно спортски, образовен и забавен. Заведувањето со танц може да го научат и момците, единствено нешто е да се полнолетни.
„Стриптизот не е ниту порнографија ниту проституција. Тоа е уметност на заведување. Тој танц мене ми помогнал во тешки ситуации, ми ја врати самодовербата, а се надевам дека тоа ќе го препознаат и другите“, изјавила Маријана.