И пред да започнат Олимписките игри во Лондон, ја добивме нивната најубавата учесничка.
Американскиот портал Bleacher Report ја прогласил хрватската кошаркарка Антонија Мишура(24) за најубава спортистка на претстојните Олимписки игри.
Авторот на овој портал, со чиј вкус можеме да се согласиме, пишува дека се радува за Олимпијадата, бидејќи ќе биде во можжност да ја запознае оваа преубава девојка.
Воодушевениот автор пишува дека открил и како убавата Антонија ужива во модата, како и во шопингот, а врз основа на статистиката во нејзината игра, тој силно се надева дека ќе обезбеди одлична игра во Лондон.