Снимањето на третиот дел од филмот за омилената филмска хероина “Bridget Jones” е под знак прашање, бидејќи Hugh Grant не е задоволен од филм.
Филмот “Baby Bridget Jones ” требаше да почне да се снима кон крајот на месецот, но веројатно ќе биде одложен, бидејќи Hugh Grant не е задоволен од сценариото на филмот.
Сценариото на филмот кој по трет пат треба да ги собере Renée Zellweger, Colin Firth и Hugh Grant, е напишано од David Nicholls и авторката на романот “Bridget Jones”, Helen Fielding.
Извори блиски на продуцентите велат дека Grant не бил задоволен со приказната, и сметал дека филмот бил “во суштина мртов”.
Ова не е првиот проблем со кој се соочува – најпрво режисерот Paul Fig се откажа од проектот, а беше заменет од страна на Peter Cattaneo.
Филмовите “Bridget Jones’s Diary” и “Bridget Jones: The Edge of Reason”, заработија повеќе од 500 милиони долари.