Хуморот е секси!

popara16 мај, 20121min00
s1

Добро познат е фактот дека чувството за хумор е секси и една од најпосакуваните карактерни особини кај партнерот. Последната студија покажува како точно влијае хуморот во машко-женските релации.

Еве до каков заклучок стигнале експертите: додека жените се обидуваат да најдат маж кој е генератор на хумор, мажите бараат жена која ќе го оцени и прифати нивниот хумор.

Тие тврдат дека жените од еволуциона гледна точка се попребирливи при изборот на партнер, затоа што тие се насочени да изберат најдобар татко за своите деца.

Хуморот пак е знак за добра умствена кондиција и оптимистичка гледна точка за светот, што ги привлекува жените како магнет. Тоа ги натерало мажите низ вековите да го развиваат тој свој квалитет и да го користат како предност пред останатите мажи, односно конкуренцијата.

Кога се во друштво на жени, мажшкиот хумор станува поизразен бидејќи на ваков начин тие се обидуваат да освојат добри позиции во женската класација.

Друг интересен факт е дека смеењето е доста категоричен доказ во однос на сексуалниот интерес на една жена кон даден маж. Колку повеќе се смее, толку поголеми се шансите таа да спие со него. Женското смеење има ефект на афродизијак за мажот. Тоа го зголемува неговиот сексуален интерес кон таа жена.

Но ако жената има типично машко чувство за хумор – по агресивно и погрубо, тоа ги намалува шансите мажот да ја посака сексуално. Мажите се чувствуваат загрозени, мислејќи дека нејзиното чувство за хумор може да се срврти и против нив.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag