На прв поглед би рекле дека Ким Кардашијан има многу малку заедничко со актерката Гвинет Палтроу.
Но, изгледа дека овие две убавици сепак имаат нешто заедничко. Барем што се однесува до провидниот црн фустан кој двете го носеле, но во различни прилики.
Гвинет го носела во септември минатата година на Еми наградите, додека Ким во неа се појави пред два дена на забаата на П. Диди во Кан.
Со оглед на специфичниот крој, се чини дека фустанот е наменет за тесна фигура, без нагласени облини, па така Гвинет во неа навистина блескаше. Што се однесува за Ким, изгледа како малку да и е тесна.
Што мислите, на која од нив две фустанот подобро и прилега?