Иако во моментов се забавува во Бразил, актерот Ештон Качер е многу загрижен за неговата сопруга Деми Мур и се што во моментов се случува.
“Ештон се загрижеил кога слушнал дека Деми е хоспитализирана”, изјавува близок извор и додава дека актерот сеуште се грижи за поранешната сопруга и дека и посакува се најдобро.
Да ве потсетиме, Качер (33) и Мур (49) во ноември минатата година најавија дека се разведуваат по шест години брак. Здравствената состојба на Деми од тогаш се влоши, а пред неколку дека е пренесена во болница поради исцрпеност.
Иако медиумите пишуваа дека деми завршила во болница поради прекумерна доза на дрога, нејзиниот портпарол демантирал велејќи дека Деми побарала професионална помош за да се справи со исцрпеноста и да ја подобри својата здравствена состојба.