Актерката Анџелина Џоли во последно време многу ретко ја гледаме во панталони, но на манифестацијата “Women in the World”, одлучи накратко да се откаже од своите долги фустани и да се облече во наједноставна варијанта – во панталони и сако.
Со тесни црни панталони убавата актерка носеше бела сатенска блуза и бело сако со интересни копчиња. Комбинација ја заврши со едноставна црна салонка со отворени прсти.
На овој настан присуствуваа и Хилари Клинтон, Медлин Олбрајт, Мерил Стрип.