И подарила ваучер за пластична операција на својата 8 годишна ќерка!?!

popara1 март, 20121min00
sarah-burge-daugther2-550x309

На некои луѓе навистина треба да им се забрани да имаат деца. Доказ за тоа е 51-годишната Сара Бурџ, која на својата 7 годишна ќерка и подарила ваучер за пластични операции во вредност од 12.700 долари, како подарок за нејзиниот осми роденден

Малата Попи, на која сеуште не и пораснале ни „трајните“ предни заби, наместо да добие барбика, таа сега си има ваучер за пластични операции. Тоа не е чудно, бидејќи самата Сара е зависник од пластични операции, а досега има потрошено преку 400.000 долари за да го подобри својот изглед.

Сара тврди дека нејзината ќерка сама посакала да добие таков ваучер. Таа вели дека тоа е инвестиција во нејзината иднина и шанса да изгледа убаво за да има самодоверба.

Ако мислите дека тоа е премногу, тогаш да ви го кажеме планот за роденденската забава. Попи на забавата ќе пристигне со кочија, дијамантски чевли и ќе чекори на розев тепих. По јадењето, забавата и танцувањето, планирана е и модна ревија каде Попи ќе биде судија, а нејзините другарки манекенки. Како подароци за гостите Попи ќе им подели луксузни чоколада, ваучери за солариум и слика со автограми од Попи и Сара. Оваа „скромна“ забава ќе ги чини само 40.000 долари.

За минатиот роденден Попи добила ваучер за ставање на силикони во градите, а за Божиќ добила купон за липосукција. Сара вели дека планира да продолжи со ваквите подароци се додека Попи не добие ваучери за разубавување во вредност од 200 000 долари. Единствената добра работа е фактот дека Попи ќе може да ги искористи купоните откако ќе наполни 18 години. Тогаш ќе „удри“ на операции и секаков вид третмани и ќе може да си стане пластична барбика како и мама.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag