И тоа е можно: Оставете ги цигарите без да ги накачите килограмите

popara9 ноември, 20121min00
cigari

За штетните ефекти од цигарите и болестите кои пушењето ги предизвикува знаеме речиси се. Меѓутоа, многу помалку знаеме за тоа низ каков процес поминуваат поранешните пушачи непосредно по престаник на пушењето, како и зошто на жените им е потешко да одлучат да ги остават цигарите.

Она што се нарекува апстиненцијален синдром, трае неколку дена, иако познато е дека феноменот на желба за цигара кај некои луѓе постои со години. Желбата за никотин се јавува неколку часа по престанокот на пушењето, а подоцна станува се поизразена. Врвот се достигнува по неколку дена, па постепени злабее во наредните неколку недели.

5 начини да не се здебелите

Кога ќе ги оставите цигарите, екс-пушачите често добиваат на тежина. Тоа се случува, бидејќи метаболизмот и празнењето на цревата се успоруваат, па водата се здржува во телото. До ова придонесува и фактот дека некои поранешни пушачи јадат повеќе од претходно. За да не се здебелите по оставањето на цигарите, докторите советуваат:

  • Јадете како и обично, но во помали количини.
    Кога ќе почувствувате дека сте гладни, напијте се нискокалоричен пијалок.
    Помеѓу оброците, пијте многу вода и избегнувајте закуски.
    Станете од масата, веднаш штом ќе заврши оброкот.
    Веднаш после јадење измијте ги забите.

Зошто на жените им е потешко

Кај жените желбата за никотин е посилна отколку кај мажите, а исто така се разликуваат и во одвикнувањето.

-Мажите се повеќе физички зависни од никотин, а жените се повеќе емотивно поврзани со цигарите. Мажите се повеќе се потпираат на силата на волјата, додека жените бараат поголема помош и поддршка. Неколку студии покажале дека лековите кои се користат за одвикнување од пушењето, кои содржат никотин, на мажите им помагаат повеќе отколку на жените.

Истражувањата покажале дека за жените периодот непосредно по престанување на циклусот е најповолен за откажување од цигарите. Стои и тоа дека треба да осмислиме како да се избориме со предменструалниот синдром кој нè чека по одвикнувањето.

10 трикови со кои ќе ја потиснете желбата

Магично стапче за надминување на желбите нема, но постојат голем број на работи кои тогаш можете да ги направите за да ја потиснете желбата.

  • Променете ја позицијата, станете и излезете од просторијата, најдобро надвор.
  • Мислете за нешто друго и повторете во себе дека сте одлучиле да бидете непушач.
  • Занимавајте се со физички активности, бидејќи прошетките, вежбањето, аеробик…ја намалуваат желбата за цигара.
  • Пијте доволно течности, пред се вода и природни овошни сокови.
  • Избегнувајте кафе, енергетски пијалоци, бидејќи тие ја зголемуваат желбата за никотин
  • Истуширајте се со млака вода, бидејќи тоа релаксира.
  • Грицкајте здрави закуски, како што се овошјето и семките од тиква или сончоглед.
  • Држете нешто во рака, да речеме пенкало или паричка, за прстите да ви бидат зафатени.
  • Зборувајте со некој. Кога ќе ви се јави силна желба за цигара, викнете некој од пријателите, роднините, колгите.
  • Бидете поактивни и почнете да се занимавате со нешто во што уживате. Одете на часови по танцување, средете ги своите фотографии, местете слагалица…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag